Втор ден по ред, во Македонија има тројца починати од КОВИД-19, но и бројката новозаразени не бележи значителен пад.
- Од последиците на коронавирусот починаа 51-годишник од Скопје, 59-годишен пациент од Струга и 60-годишна кумановка.
- Коронавирусот досега однесе 104 животи во Македонија.
- Од направените 286 тестирања во изминатите 24 часа, 25 биле со позитивен резултат, пет помалку во споредба со вчера.
- Дури 16 нови случаи има во Скопје, четири во Тетово, по два во Велес и Охрид и еден во Струга.
- Досега се регистрирани 1.817 случаи на коронавирус, од кои 412 се активни.
- Бројката оздравени изнесува 1.301, од кои осум се нови.