ДАНСКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ДОНЕСЕ НАВИВАЧИ НА ТРИБИНИТЕ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА ЗУМ

Архус, (Гардијан)

По два и пол месеци, во Данска вчера продолжи да се игра професионалниот фудбал и фановите беа дел од акцијата благодарение на современата технологија.

Како и во останатите земји, и во Данска се игра пред празни трибини, но прволигашот Архус ги донесе навивачите на стадионот „Серес парк“ откако тие се вклучија на платформата за видеоконференции Зум.

Носејќи дресови и шалови, лицата на илјадници навивачи можеа да се видат на големите екрани на трибините за време на средбата со Рандерс. Во пресрет на средбата, Архус го нарече својот „Зум ѕид“ најголема виртуелна трибина на светот.

Митјиланд, пак, постави голем екран на паркингот пред својот стадион, па утрешниот меч со Хорсенс ќе се гледа од автомобили.