НОВ ЗЕЛАНД И ИСЛАНД ИМАА РАЗЛИЧЕН ПРИСТАП, НО СЕ НА ПРАГОТ ДА ГО ИСКОРЕНАТ КОРОНАВИРУСОТ

Окленд, (АП)
REYKJAVIK, ICELAND - AUGUST 30: Visitors sit in the geothermal waters at the Blue Lagoon close to the Icelandic capital of Reykjavik on August 30, 2018 in Reykjavik, Iceland. (Photo by Maja Hitij/Bongarts/Getty Images)

Нов Зеланд и Исланд се на прагот да станат први земји значително погодени од пандемијата кои ќе го искоренат коронавирусот.

Во изминатите седум дена, во Нов Зеланд немаше ниеден позитивен тест, додека бројката активни случаи падна на еден. Во Исланд, пак, има три активни случаи на коронавирус, од кои еден беше потврден вчера.

Географската поставеност им одеше во прилог на двете земји при справувањето со коронавирусот, но тие имаа различен пристап. Исланд многу инвестираше во тестирањето и не воведе строги мерки и ограничувања, додека Нов Зеланд рано наметна рестрикции и целосно ги затвори границите.

Како резултат на ваквите пристапи, Исланд има 1.806 заразени и десет починати, додека во Нов Зеланд има 300 заразени помалку, но 12 мртви повеќе.

Поради можноста од постоењето на асимптоматски и неоткриени случаи, Нов Зеланд ја нагласува важноста на тестирањето во наредната фаза.