Авторот на „Повратник“ (The Revenant), историскиот роман кој беше адаптиран во филм и освои три оскари, ќе објави нова книга за првпат после 20 години.
Издавачот „Хенри Холт енд компани“ објави дека „Ridgeline“ на Мајкл Пунке ќе излезе во јуни 2021. Дејството се случува на американскиот Запад во 1860-ти и „ги испреплетува приказните на американски војници, нивните семејства и на домородното население кое се бори против инвазијата на нивната земја, меѓу кои и легендарниот Луд Коњ“.
Неговиот претходен роман „Повратник“ излезе во 2002, а дејството се случува во Мисури во доцните 1820-ти. Алехандро Ињариту сними филм според него во 2015, за кој Леонардо ДиКаприо го освои својот прв Оскар.