УШТЕ 76 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА, ОД КОИ 52 ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија втор ден по ред бележи голема бројка новозаразени со коронавирус, при што мнозинството нови случаи се во Скопје.

  • Педесет и шестгодишна пациентка од Струшко е 141. жртва на КОВИД-19 во земјата.
  • Во изминатите 24 часа биле направени 885 тестирања и 76 имале позитивен резултат, 13 помалку од вчера.
  • Дури 52 нови случаи на зараза се потврдени во Скопје, па следуваат Тетово со 14, Гостивар и Куманово со по два и еден во Штип, Кочани, Пробиштип и Кратово.
  • Во Македонија досега има 2.391 случаи на коронавирус, од што 655 се активни.
  • Досега оздравеле 1.595 лица, 26 повеќе во однос на вчера.