НОВОЗЕЛАНЃАНИТЕ ПОВТОРНО СЕ ГУШКААТ НА УЛИЦА И МОЖАТ ДА ОДАТ НА КОНЦЕРТИ И РАГБИ

Велингтон, (Ројтерс)

Новозеланѓаните утрово се разбудија без ограничувања во својот секојдневен живот за првпат од 21 март, откако вчера беше објавено дека во земјата веќе нема активни случаи на коронавирус.

Додека остатокот од светот и натаму е обземен од пандемијата, на луѓето во Нов Зеланд им е дозволено да се бакнуваат и гушкаат на улица, да стојат блиску еден до друг на концерт, да се молат во големи групи во верски објекти и да организираат големи венчавки и погреби. Животот во најголемиот дел се врати во нормала.

„Денеска одев по улица и толку луѓе немав видено со месеци. Луѓето пазаруваат, обедуваат или едноставно се држат за раце“, вели Стив Прајс од Велингтон.

Кејти Елис ги тргнала сите мерки за социјално дистанцирање во своето кафуле.

„Тоа ни овозможува да имаме повеќе луѓе во кафулето и вистински да ја почувствуваме нормалноста“, изјави Елис.

Освен кафулињата, повторно се полни и јавните автобуси и возови. Нов Зеланд исто така дозволи професионалниот спорт да се игра пред публика и се очекува илјадници навивачи да дојдат на стадионите кога викендов ќе продолжи домашното рагби првенство.