Комисијата за заразни болести предложи задржување на полицискиот час во некои средини, додека во земјата шести ден по ред бројката новозаразени со коронавирусот е трицифрена.

  • Двајца пациенти од Скопје на возраст од 62 и 78 години и 70-годишен кумановец починаа од КОВИД-19.
  • Трагичниот биланс со тоа се искачи на 156 мртви.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени уште 127 случаи на коронавирус (од 702 теста), со што бројката е поголема од 100 шести ден едноподруго.
  • Повеќе од половина од нив се во Скопје (67), па следуваат Штип со 33 и Тетово со 10.
  • Од почетокот на епидемијата, во Македонија има вкупно 3.152 заразени, од кои 1.653 оздравеле.
  • Бројката активни случаи порасна на 1.343, од кои 720 се во Скопје.
  • Владата утре ќе решава по предлогот на Комисијата за заразни болести дали полицискиот час да остане на сила во Скопје, Тетово, Штип и Куманово, и тоа во траење од 22 до пет часот.