ДАЛАЈ ЛАМА ЌЕ ГО ОБЈАВИ СВОЈОТ ПРВ МУЗИЧКИ АЛБУМ ЗА 85. РОДЕНДЕН

Њујорк, (Гардијан)

Тибетанскиот духовен водач Далај Лама ќе го издаде својот прв музички албум за да го одбележи 85. роденден.

Ова следува пет години по неговото појавување на музичкиот фестивал Гластонбери, каде што укажа на опасностите од климатските промени, а Пети Смит му отпеа роденденска песна на сцената.

„Внатрешен свет“ (Inner World) ќе излезе на 6 јули, на денот на неговиот роденден, и ќе содржи 11 нумери на кои Далај Лама рецитира свети мантри и учења, придружено од музиката изведена на повеќе од 30 инструменти.

Музиката има моќ да допре до многу повеќе луѓе со пораката дека вистинскиот извор на среќата се срдечноста и грижата за други. Смислата на мојот живот е да служам колку што можам подолго“, изјави Далај Лама за албумот што се подготвувал пет години.