Пејачката Барбра Стрејсенд ја направи шестгодишната ќерка на убиениот Џорџ Флојд акционер во „Дизни“.
Џана Флојд, чиј татко почина додека беше приведуван од полицијата на 25 мај во Минеаполис, што покрена бран на масовни протести против расизмот, објави фотографија од нејзините нови акции на Инстаграм.
„Ти благодарам Барбра за мојот пакет! Сега сум акционер во ‘Дизни‘ благодарение на тебе“, напиша таа.
Вредноста на акциите на „Дизни“ сега се движи околу 115 долари, а пред пандемијата на коронавирусот највисоко одеа до 150 долари. Не е познато колку акции ќе поседува Џана Флојд.
Канје Вест исто така финансиски ја помогна малата Џана, отворајќи фонд за нејзино колеџ образование.