БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ПОВТОРНО БЛИСКУ ДО 200, ОД НИВ 140 ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Речиси 200 новозаразени со коронавирус, од кои 140 во Скопје, е денешниот биланс што продолжува да ја нагласува загрижувачката епидемиолошка состојба во Македонија.

  • Уште девет лица починаа од последиците на коронавирусот, од кои пет од Скопје на возраст од 47 до 85 години, две од Куманово (67 и 81 година), 83-годишен пациент од Охрид и 61-годишник од Тетово.
  • КОВИД-19 досега однесе 210 животи во Македонија.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени 193 нови случаи на коронавирус (од 1.391 тестирање), само три помалку од рекордот од 13 јуни.
  • Дури 140 од нив се во Скопје, па следуваат Тетово со 19 и Охрид со 11.
  • Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека првите пациенти се сместени во монтажната болница до Инфективната клиника во Скопје.
  • „Во наредните седум дена очекуваме да се зголеми бројот на хоспитализирани лица“, кажа Филипче.
  • Вкупната бројка заразени порасна на 4.482.
  • Досега оздравеле 1.803 лица, но има 2.469 активни случаи.