ГИТАРАТА НА КУРТ КОБЕЈН ОД „ЕМ-ТИ-ВИ АНПЛАГД“ ПРОДАДЕНА ЗА РЕКОРДНИ ШЕСТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Беверли Хилс, (Гардијан)

Гитарата на која Курт Кобејн свиреше на легендарниот акустичен концерт на „Нирвана“ се продаде на аукција за повеќе од шест милиони долари.

Моделот „мартин Д-18Е“ од 1959 година имаше централна улога на концертот „Ем-Ти-Ви анплагд“, што „Нирвана“ го одржа во Њујорк во ноември 1993, само пет месеци пред Кобејн да изврши самоубиство. Почетната цена на гитарата беше еден милион долари, но од аукциската куќа „Џулиен“ кажаа дека интересот за неа бил огромен.

Таа на крајот му припадна на австралискиот бизнисмен Питер Фридмен за 6,1 милион долари, што претставува нов светски рекорд за продадена гитара.

Ден претходно на истата аукција, гитара на Принс беше продадена за само 563.500 долари.