БЕЗБЕДЕН СЕКС ВО ЗОНАТА НА ЦРВЕНИТЕ ФЕНЕРИ ВО АМСТЕРДАМ СЕГА ОПФАЌА И МАСКА И РАКАВИЦИ

Амстердам, (Дејли мејл)

Сексуалните работнички во популарната зона на црвените фенери во Амстердам ќе мора да носат маска и ракавици кога денеска ќе продолжат со работа по три и пол месеци пауза.

Холандскиот премиер Ханс Руте ѝ дозволи на секс индустријата да продолжи со работа два месеца порано од планираното и собите што ги користат сексуалните работнички темелно се средуваа овие денови за да бидат подготвени за првите клиенти. Во собите ќе мора да има заштитни маски, ракавици и дезинфициенси за раце и ќе мора целосно да се чистат по секоја посета.

Собите ќе мора целосно да се дезинфицираат по секоја посета (Фото: Рекс)

На сексуалните работнички им се сугерира да избегнуваат орален секс, бакнување и пози при кои што има близок контакт со лицето на клиентот.

„На сите им олесна што можеме да се вратиме на работа, зашто голем број сексуални работнички не добиваат никакви бенефиции од владата. Убаво е што ќе можеме повторно да заработуваме“, вели Фокси, која изнајмува соба во бордел во Амстердам.

Де Вален или Зона на црвените фенери годишно привлекува над еден милион туристи, но тамошните излози, клубови и продавници беа затворени во средина во март поради коронавирусот.