Македонија ја надмина границата од 7.000 заразени со коронавирус откако за неполн месец биле регистрирани 4.000 нови случаи.
- Ковид-19 однесе уште седум животи во Македонија, на возраст од 50 до 82 години.
- Вкупната бројка починати сега изнесува 341, убедливо најмногу во регионот.
- Во изминатите 24 часа се потврдени 115 позитивни теста, и тоа во 14 градови, најмногу во Скопје (53) и Струга (13).
- Од почетокот на кризата, во Македонија има 7.046 заразени, што е зголемување за повеќе од 4.000 за период од само четири недели.
- Досега оздравеле 3.027 лица, но има и 3.678 активни случаи.