ТОЛКУ ЛИ Е ТЕШКО ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ТРИТЕ ОСНОВНИ МЕРКИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛИ ТОМ ХЕНКС

Њујорк, (АП)

Том Хенкс, кој заздрави од коронавирусот откако се зарази во март, вели дека нема многу почит кон оние кои не се придржуваат до основните препораки на здравствените власти, како носење маска во јавност.

Сите треба да го направиме нашиот дел. Можеме ли сите да носиме маска, да држиме дистанца и да миеме раце? Мене тоа ми изгледа доста едноставно. Ако имате проблем со тоа, немам многу почит кон вас. Сакале или не, сите сме заедно во ова“, вели Хенкс.

Хенкс и сопругата Рита Вилсон се заразија во март во Австралија, каде што тој снимаше филм за Елвис Присли и нивните искуства со болеста се разликуваа во сериозноста и симптомите. За многумина, нивното заразување беше првиот силен аларм што одекна во раната фаза од светската криза.

Излегов со дијагнозата во јавност од две причини: сакав да спречам шпекулации зошто прекинавме со снимањето и ако требаше да служам како гласник, нека биде така. Зошто да ги кријам фактите? Тоа беа фактите“, вели Хенкс во пресрет на излегувањето на неговиот нов филм „Greyhound“, кој место во кино, ќе има премиера в петок на стриминг сервисот на „Епл“.