ЏОН ТРАВОЛТА И КЕЛИ ПРЕСТОН СЕ ЗАПОЗНАА НА СНИМАЊЕ НА ФИЛМ И ОСТАНАА ЗАЕДНО 32 ГОДИНИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Хјустон, (АП)

Кели Престон, ѕвезда на филмовите „Близнаци“ и „Џери Мегвајер“, почина во Хјустон на 57 години, објави нејзиниот сопруг Џон Траволта. Во емотивен пост на Инстаграм, Траволта кажа дека таа две години се борела со рак на дојка.

Престон и Траволта се запознаа на снимањето на филмот „Експерти“ во 1988 (Фото: Шатерсток)

„Животот и љубовта на Кели секогаш ќе ги паметиме. Таа водеше храбра битка, добивајќи љубов и поддршка од многумина. Ќе се повлечам на некое време за да бидам со моите деца, кои изгубија мајка“, изјави Траволта.

Се венчаа во Париз во 1991 (Фото: Шатерсток)

Љубовната приказна на Кели и Џон, еден од најголемите секс-симболи на своето време, почна во 1988 година, кога заедно ја снимаа комедијата „Експерти“. Тие се венчаа во Париз во 1991, кога Престон веќе била бремена со нивното прво дете, синот Џет, а подоцна ги добија и ќерката Ел Блу (2000) и синот Бенџамин (2010). Џет почина на 16-годишна возраст по епилептичен напад додека биле на семеен одмор на Бахами.

Со ќерката Ел Блу (Фото: Шатерсток)

Траволта и Престон заедно се појавија во пет филма, вклучувајќи го нејзиниот последен, „Готи“ од 2018 година.

Престон како Викторија Готи во својот последен филм „Готи“ од 2018