БАНКСИ СЕ ПРЕПРАВИ ВО ЧИСТАЧ И ОСТАВИ НОВО ДЕЛО ВО ЛОНДОНСКО МЕТРО

Лондон, (Би-Би-Си)

Мистериозниот британски графити уметник Банкси се врати во лондонско метро и со своето ново дело им порача на луѓето да носат маска.

Самиот Банкси се појавува во видеото објавено на Инстаграм

Во видеото објавено на неговиот профил на Инстаграм се гледа маж, за кој се верува дека е Банкси, преправен во професионален чистач, кој им наредува на патниците да се поместат, по што почнува со работа. Делото насловено „If You Don’t Mask, You Don’t Get“ прикажува стаорци во пози инспирирани од пандемијата. Еден од стаорците кива, а друг си става дезинфекциски гел, но сите носат маска.

Банкси во минатото често црташе стаорци и мајмуни во метрото.