СДСМ ГО ПОБЕДИ ВМРО-ДПМНЕ ЗА ДВА ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТА НА ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ, ВЕЛАТ ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Коалицијата Можеме, предводена од СДСМ, однесе тесна победа над ВМРО-ДПМНЕ на десеттите и досега најнеизвесни парламентарни избори во Македонија, што треба да ѝ донесе два пратенички мандата повеќе во новиот состав на Собранието.

  • Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија, коалицијата Можеме освои 324.084 гласови (36,12%), 11.339 повеќе од коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ (34,85%).
  • Во парламентот влегуваат и ДУИ (11,3% гласови), коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива (8,57%), Левица (4,17%) и ДПА (1,51%).
  • Според првичните проекции на ДИК, овие резултати ќе ѝ донесат 46 пратенички места на коалицијата Можеме, додека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44.
  • ДУИ освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица ќе има два пратеника како ново име во Собранието, а ДПА ќе биде претставена со еден.
  • Според последните информации за одзивот, тој изнесувал 50,84%, најмалку досега.