Националната научна агенција на Австралија именуваше 164 новооткриени инсекти и растенија во изминатата година, а на листата се најдоа и некои што потсетуваат на познати суперхерои од универзумот на „Марвел“.
„Мувата Дедпул е убиец со ознаки на грбот што наликуваат на маската на Дедпул“, изјави ентимологот Брајан Лесард.
Меѓу новоименуваните инсекти се и Блек Видоу, Локи и Тор, но и Стен Ли, според кого е наречена „оса со бели мустаќи“.
Иако именувањето на новите видови може да биде забавно, тоа е од суштинско значење за нивниот опстанок.
„Само една четвртина од инсектите во Австралија ѝ се познати на науката. Колку повеќе ги именуваме, толку подобро можеме да ги разбереме нивните супермоќи. Без научно име, тие се невидливи за науката“, вели Лесард.