АВСТРАЛИСКИОТ СТЕНДАП КОМИЧАР АМОС ГИЛ ЌЕ НАСТАПИ ВО ОХРИД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Австралискиот стендап комичар Амос Гил на 21 јули ќе настапи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со своето шоу „Блед, здодевен хетеросексуален бел маж“. Со овој настап ќе се отвори осмото издание на интернационалниот фестивал „Летен маратон на комедијата“.

Гил е еден од најпознатите австралиски стендап комичари, а неодамна беше специјален гостин на европската турнеја на Џим Џефрис. Настапувал во Австралија, САД и Велика Британија, како и во Сиднејската опера и „Медисон сквер гарден“.

Настанот е во организација на „Друга страна“, а билетите се достапни по промотивна цена од 600 денари.