Холивудската легенда Шон Пен се ожени со австралиско-американската актерка Лејла Џорџ на приватна церемонија по четири години врска. За ова се дозна откако една нивна пријателка им ја честиташе венчавката на Инстаграм, објавувајќи фотографија од нивните бурми.
„Честитки на овие двајца магични луѓе. Вие сте судени еден на друг“, напиша филантропистката Ирена Медавој на Инстаграм.
Педесет и деветгодишниот Пен и 31 година помладата Џорџ, која е ќерка на актерот Винсент Д‘Онофрио, се заедно од есента 2016. Тој претходно беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 и со актерката Робин Рајт од 1996 до 2010 година и со неа има две деца.