ДАВИД СИЛВА НА 35 ГОДИНИ ЌЕ ДОБИЕ СТАТУА ПРЕД СТАДИОНОТ НА МАНЧЕСТЕР СИТИ

Манчестер, (Би-Би-Си)

Манчестер сити објави дека ќе постави статуа на Давид Силва пред стадионот „Етихад“, оддавајќи му почит на еден од своите најуспешни фудбалери. Триесет и четиригодишниот Шпанец во саботата го заврши својот еднодецениски престој во Сити, по неговата елиминација од Лион во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Давид е трансформациски фудбалер кој ги инспирираше сите околу него. Статуата ќе биде постојан потсетник на сите прекрасни моменти што ни ги даде“, изјави претседателот на клубот Халдун Ал Мубарак.

Статуата ќе биде поставена следната година, заедно со обележјето посветено на бившиот капитен Винсент Компани, кој лани замина од клубот.

Откако пристигна од Валенсија во 2010 година, Силва одигра 436 средби за Сити и му помогна да освои 14 трофеи, вклучувајќи четири шампионски титули. Се очекува тој да ја продолжи кариерата во Лацио.