ЦРВЕНАТА ПЛАЖА ВО КИНА ГО ДОСТИГНУВА ВРВОТ НА СВОЕТО ГОДИШНО ЦУТЕЊЕ

Пекинг, (Си-Ен-Ен)

Не е потребен костим за капење за да се ужива на оваа кинеска плажа, но таа, сепак, привлекува огромен број посетители секоја година.

Црвената Плажа во североисточна Кина не е составена од песок, туку се наоѓа во најголемото мочуриште во земјата. Таа го добила своето име од тоа што е покриена со локално растение наречено суаеда салса, кое станува темноцрвено во есен.

Боите на плажата го достигнуваат својот врв во септември и октомври (Фото: Гети)

Ова растение почнува да расте во април/мај, со цутењето добива црвена боја во јули/август, која станува уште понагласена пред есен, а врвот го достигнува во септември и октомври, кога оваа крајбрежна каллива област се претвора во црвен тепих.

Локалните власти велат дека оваа област годишно привлекува два милиона туристи, а дрвената патека им овозможува да се движат низ дел од мочуриштето, чија површина изнесува 6.667 хектари.

Областа годишно привлекува два милиона туристи (Фото: Гети)

Поголемиот дел од 18 километри долгата плажа е затворен за јавност и таа доби посебна државна заштита во 1988 година. Мочуриштето е дом на околу 400 животински видови и на повеќе од 260 видови птици.