ЗА ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА АВТОМОБИЛ ВО САД МОЖАТ ДА СЕ КУПАТ ПЕТ НОВИ КИНЕСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Пекинг, (Ројтерс)

Автосаемот во Пекинг, што се одржа минатиот месец, покажа како хиперконкуренцијата во Кина доведе до тоа цените на новите автомобили на најголемиот пазар на автомобили во светот да бидат само дел од нивното ниво во САД, вториот најголем пазар.

Контрастот е остар. Просечниот нов автомобил во САД во март имаше цена од 51.456 долари. Во Кина, има повеќе од 200 модели на батерии, вклучувајќи хибридни, кои се продаваат за помалку од 25.000 долари.

„Wuling Hongguang MiniEV“

Ројтерс“ состави листа на петте најпродавани електрични возила во Кина, чија почетна цена е под 12.000 долари. Овие мали електрични возила не се достапни за продажба во американските салони и можеби никогаш нема да бидат, но за цената на просечен нов автомобил во САД, потрошувачот во Кина би можел да ги купи сите пет од овие електрични возила.

  • Geely EX2“ – почетна цена: 10.060 долари (фото)
  • BYD Seagull – почетна цена: 10.200 долари
  • BYD Yuan UP“ – почетна цена: 10.945 долари
  • BYD Qin Plus DM“ – почетна цена: 11.675 долари
  • Wuling Hongguang MiniEV“ – почетна цена: 6.560 долари