ПЕЈАЧКАТА НА „ГРЛС АЛАУД“ САРА ХАРДИНГ ОБЈАВИ ДЕКА ИМА РАК НА ДОЈКА

Лондон, (Би-Би-Си)

Поранешната членка на поп групата „Грлс алауд“ Сара Хардинг објави дека има рок на дојка, кој во меѓувреме ѝ се проширил низ телото. Триесет и осумгодишната пејачка напиша на Твитер дека болеста ѝ била дијагностицирана порано оваа година.

„Потоа ја примив ужасната вест дека ракот се проширил. Моментално одам на неделни сесии на хемотерапија и се борам најсилно што можам“, изјави Хардинг.

„Грлс алауд“ стана една од најуспешните женски групи на сите времиња откако беше формирана преку ТВ-шоу за таленти. Петорката објави пет албуми од 2003 до 2008 година и имаше 20 едноподруго топ-10 хитови во Велика Британија, вклучувајќи четири на првото место. Групата и дефинитивно се растури во 2013 година, по што Хардинг беше дел од неколку реални шоуа.