ДЕЛ ОД ЦЕНТРАЛНАТА УЛИЦА ВО БЕРЛИН ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКА ЗОНА

Берлин, (ДПА)

Фридрихштрасе, улица која поминува директно низ центарот на Берлин, делумно ќе биде затворена за автомобили, во експеримент на градските власти што ќе трае до јануари. Откако улицата цела недела се приспособуваше, проектот требаше да стартува вчера, но беше одложен поради протестот против коронамерките во Берлин.

Делница од 500 метри ќе биде претворена во пешачка и велосипедска зона. Меѓу дрвјата е обележана нова, четири метри широка велосипедска патека и поставени се нови клупи. За да се оплемени просторот, ќе бидат засадени уште 65 дрвја.

Трансформацијата има за цел да им помогне и на локалните бизниси кои страдаа во пандемијата на коронавирусот. Улиците за шопинг имаат иднина кога на јавниот простор не доминираат моторните возила“, изјави Штефан фон Дасел, градоначалникот на областа Мите, каде што се наоѓа Фридрихштрасе.