СЕРИЈАТА „ЖИВИ МРТОВЦИ“ ЗАВРШУВА СО ПРЕТСТОЈНАТА 11. СЕЗОНА

Њујорк, (Си-Ен-Ен)
Norman Reedus as Daryl Dixon, Melissa McBride as Carol Peletier - The Walking Dead _ Season 10 - Photo Credit: Jackson Lee Davis/AMC

ТВ-мрежата Еј-Ем-Си објави дека серијата „Живи мртовци“ се ближи кон својот крај. Таа ќе биде заокружена со претстојната проширена 11. сезона, чии 24 епизоди ќе се емитуваат во период од две години, пред и официјално да заврши во 2022.

За најверните фанови Еј-Ем-Си веќе подготвува нова серија со Норман Ридас (Дерил) и Мелиса Мекбрајд (Керол) во главните улоги. Оваа серија ќе има премиера во 2023 година.

„Имаме да раскажеме уште многу возбудливи приказни од светот на живите мртовци, па овој крај ќе биде еден нов почеток, кој ќе донесе нови ликови и приказни, познати лица и места и нови митологии. Ова ќе биде големото финале што ќе води кон нови премиери“, изјави еден од креаторите на серијата Скот Гимпл.

„Живи мртовци“, адаптација на истоимениот стрип, почна да се прикажува во 2010 година и во еден период беше најгледаната ТВ-серија.