ФИФА ЌЕ ЈА ПРОДАВА ТРЕВАТА ОД ФИНАЛЕТО НА СП, ЕДНО ПАРЧЕ ЌЕ ЧИНИ 450 ДОЛАРИ

САД, (АП)

Иако беше критикувана за високите цени на картите, ФИФА користи секоја шанса да заработи од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Така фановите ќе можат да купат парче трева од теренот на кој ќе се игра финалето на 19 јули, чиј домаќин е стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Позната е и цената на парче трева – 450 долари.

Продавницата на ФИФА објави дека парчињата ќе имаат големина од 17,5 со 17,5 со 17,5, но не е нагласено дали ова е во инчи, сантиметри или во милиметри.

„Поседувајте вистинско парче од фудбалската историја со автентичен дел од теренот од Светското првенство 2026, трајно зачуван во врвен акрил“, се вели на веб-страницата, додавајќи дека ова ќе биде достапно само за купувачите од САД и Европа.

Играчите и тренерите го критикуваа квалитетот на теренот на „МетЛајф“, кој обично користи вештачка подлога за натпреварите од НФЛ.

(Фото: АП)