БЕЛГРАД ГО ДОБИ ФИНАЛЕТО НА ЛИГА ЕВРОПА 2029, СТАДИОНОТ НА КОЈ ЌЕ СЕ ИГРА НЕ Е ИЗГРАДЕН

Белград, (Н1)

Белград ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2029 година, потврди УЕФА, додека истовремено финалниот меч на Лигата на шампионите ќе се игра на „Камп ноу“ во Барселона.

Најдобрите два тима во Лига Европа во сезоната 2028/29 ќе се соочат на 23 мај 2029 на Националниот стадион во населбата Сурчин, кој е во фаза на изградба. Овој стадион ќе има 52.000 седишта и треба да биде завршен во почетокот на 2028.

Неговата изградба ќе чини 257 милиони евра.