Пишува: д-р Радмила Димовска, доктор – специјалист по ортодонција од ординацијата „КРУНА МС“
Четкањето на забите е рутинска работа, што малкумина размислуваат како тоа навистина се прави. Но, при рутинското извршување на задачите често се прват грешки. Така со несоодветно четкање на забите може да се предизвика кариес и заболување на непцата. Ова се 10 најчести грешки при четкање на забите и соодветни решенија за секој од нив:
1. Користење погрешен вид четка за заби
Кога купувате четка за заби имајте ја во предвид големината на вашата уста. Ако треба да ја отворите устата премногу, за да може да ги исчеткате забите, тогаш најверојатно четката е премногу голема. Рачката на четката треба да биде удобна за користење и треба да лежи во дланката како вилушка за јадење. Ако четката е удобна за користење и за раката и за устата, голема е веројатноста дека ќе ја користите почесто и правилно.
2. Погрешен вид влакна на четката за заби
Одредени четки за заби имаат влакна под агол, додека другите имаат исправени влакна. Кои се подобри зависи од техниката на четкање. При купивање четка за заби избегнувајте такви со тврди или цврсти влакна. Премногу цврстите влакна може да ги иритираат непцата. Препорачуваме четки со меки влакна. Влакната треба да се доволно тврди, за да го отстранат плакот од забите, но не толку силни за да го оштетат забот. Не препорачуваме користење четки со природни влакна, како влакна од животинско потекло.
3. Недоволно често или недоволно долго четкање на забите
Се препорачува нежно четкање на забите барем два пати во денот. Оптимално е забите да се четкаат три пати во денот. Ако се направи голема пауза меѓу две четкања на забите се таложи плак и се зголемува ризикот од воспаление на непцата и други проблеми. Забите треба да се четкаат барем две минути. Уште подобро е ако четкате три минути. Многумина не четкаат ниту две минути. Две до три минути е произволно време, но нагласуваме дека треба да се исчистат сите површини на забите. Често кажуваме дека устата треба да се подели на квадранти и за чистење на секој од нив да се одвојат по 30 секунди.
4. Премногу често или премногу јако четкање
Идеално е забите да се четкаат три пати во денот, но повеќе од тоа не. Четкањето на забите повеќе од четири пати во денот веќе се развива во компулсивна навика. Премногу често четкање на забите води кон откривање на коренот на забот и иритација, а потоа и иритација на непцата. Премногу силното четкање на забите исто така може да доведе до ерозија на забниот емајл. Решението лежи во нежно четкање во рок од две до три минути.
5. Несоодветно четкање на забите
Долгите хоризонтални движења долж граничната линија на непцето може да предизвика абразија. Влакната на четката треба да лежат на забите и непцето под агол од 45 степени, а движењата да бидат горе-долу. Движењата треба да се вертикални, а не хоризонтални. Исто така, треба да се исчеткаат и надворешните и внатрешните површини на забите, површината за џвакање и јазикот.
6. Секогаш исто место за почеток на четкање на забите
Секогаш почнете со четкање од различно место на устата. На тој начин ќе биде исчеткан секој дел од устата, односно последниот нема да е најлошо исчеткан, бидејќи е последен и ви досадило четкањето.
7. Не се четкаат внатрешните површини на забите
Луѓето често забораваат да ја исчеткаат внатрешната површина на забите, односно површината на која допира јазикот. Плакот треба да се отстрани и од местата каде може да го видиме, но и од местата каде не го гледаме. Најчесто се заборава внатрешноста на предните заби.
8. Не се испира устата и четката со вода по четкањето на забите
Бактериите се развиваат и на четките за заби, што не се измиени од пастата за заби. Така при следното четкање на забите повторно внесувате во устата бактерии. Ако ја измиете четката по четкањето на забите, ќе ја исчистите и од остатокот од паста за заби на неа.
9. Четката за заби ја оставате влажна
Четките што постојано се влажни се одлично поле за развој на бактерии. Ако влакната се постојано влажни, лесно може да се искриват при употреба на четката. Добро решение е четката да се протресе, за да се исцеди водата од неа, а потоа да се стави на неа капаже што пропушта воздух.
10. Премногу ретко се менува четката за заби
Препорачуваме менување на четката на секои три до четири месеци или порано, ако влакната изгледаат истрошено. Најдобро е редовно да ги прегледувате влакната. Ако не се веќе флексибилни и почнуваат да се кршат, сменете ја четката. Следете ја состојбата на влакната. Некои четки имаат обоени влакна, чија боја избледува кога четката треба да се замени со нова.