КАЈ КАИРО ОТКРИЕНИ 27 САРКОФАЗИ СТАРИ НАД 2.500 ГОДИНИ

Каиро, (АФП)

Египетското министерство за антиквитети објави дека во некрополата Сакара јужно од Каиро се откриени уште 14 саркофази закопани пред повеќе од 2.500 години. Ова следува откако порано овој месец на истата локација беа откриени 13 саркофази.

Огромната некропола Сакара се наоѓа 16 километри од прославените пирамиди во Гиза и е дел од древниот град Мемфис, кој е под заштита на УНЕСКО. Експертите велат дека ова е едно од најголемите вакви откритија досега.

„Првичните истражувања покажуваат дека саркофазите се целосно затворени и дека не биле отворани откако се закопани“, соопшти министерството.

Ископувањата на овој локалитет продолжуваат додека експертите се обидуваат да дознаат повеќе за потеклото на саркофазите.