НЕ САКАВ ДА ЈА ПРОПУШТАМ ПРИЛИКАТА ДА СНИМАМ СО СИН МИ, ВЕЛИ СОФИЈА ЛОРЕН ЗА СВОЈОТ ПРВ ФИЛМ ПО 11 ГОДИНИ

Рим, (Гардијан)
attends the Sophia Loren Presents Cannes Classic Photocall during the 67th Annual Cannes Film Festival on May 21, 2014 in Cannes, France.

Италијанската филмска дива Софија Лорен го сними својот прв филм по 11 години пауза.

Таа ја толкува главната улога во драмата на „Нетфликс“, „The Life Ahead“, што ја режираше нејзиниот син Едоардо Понти. Филмот ќе има светска премиера во Рим следниот месец, а на „Нетфликс“ ќе биде достапен од 13 ноември.

Осумдесет и шестгодишната Лорен ја игра Мадам Роза, Еврејка која го преживеала Холокаустот, која помага во одгледувањето на децата на починати проститутки, што и самата своевремено го работела. Таа особено се зближува со Момо, 12-годишен сирак со сенегалско потекло, откако тој ќе се обиде да ја ограби.

Лорен во сцена од „The Life Ahead“

Лорен вели дека не сакала да ја пропушти приликата да снима уште еден филм со својот син, со кој последен пат соработуваше во 2002 година. Едоардо Понти (46) е нејзиниот втор син во бракот со режисерот Карло Понти, за кого беше мажена од 1966 до неговата смрт во 2007.

Кога син ми ми ја понуди улогата, тоа беше остварување на сон за мене. Веднаш ја прифатив шансата. Многу ми се допаѓа Мадам Роза. Таа е и цврста и кршлива, таа е човек кој преживува. Во многу нешта ме потсетува на мајка ми“, вели Лорен, додавајќи дека се подготвува за претстојната сезона на филмски награди.

Лорен, која освои Оскар за „Две жени“ во 1961 година, го сними последниот филм во 2009 година.