„ДИНА“ И „БЕТМЕН“ СЕ ПОСЛЕДНИТЕ ДВА ОДЛОЖЕНИ БЛОКБАСТЕРА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Кризата во филмската индустрија предизвикана од пандемијата на коронавирусот дополнително е продлабочена со одложувањето на уште два исчекувани блокбастера, „Дина“ и „Бетмен“.

Новата верзија на „Дина“ требаше да излезе овој декември, но „Ворнер брос“ одлучи да ја одложи премиерата за октомври 2021.

Истото студио одреди нов датум на излегувањето и на „Бетмен“, со Роберт Патинсон во насловната улога. Место 1 октомври 2021, тој треба да дојде во кината дури во март 2022. Во исто време, „Матрикс 4“ беше преместен од април 2022 во декември 2021.

Претходно, уште еднаш беше одложена премиерата на „Не е време за умирање“, 25. филм за Џејмс Бонд, чиј нов датум е 2 април 2021.