МАКЕДОНИЈА БЕЛЕЖИ НОВ РЕКОРД СО 641 НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бројот на нови случаи на коронавирус во Македонија за првпат е поголем од 600, како што пандемијата зема сѐ поголем замав низ цела Европа и државите враќаат некои од најстрогите рестриктивни мерки.

  • Во изминатите 24 часа се потврдени 641 нов случај на зараза (од направените 2.688 тестирања), што е 106 повеќе од досегашниот рекорд од 15 октомври.
  • Тие се распоредени во 30 градови, но повеќе од половина се во Скопје (325).
  • Од почетокот на епидемијата, во Македонија има 24.836 позитивни тестови.
  • Уште 12 жители на Македонија на возраст од 43 до 85 години ја загубија битката со ковид-19.
  • Коронавирусот досега однесе 862 животи во Македонија.
  • Бројот на активни случаи сега изнесува 6.069.
  • Од денеска, работното време на сите угостителски објекти ќе биде до 23 часот.