„ГИНИС“ ПОЧНА ДА ГО ПРОДАВА ПРВОТО БЕЗАЛКОХОЛНО ПИВО ВО 261-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА

Даблин, (Си-Ен-Ен)

Најпознатото темно пиво на светот „гинис“ доби своја безалкохолна верзија за првпат во 261-годишната историја.

Гинис“ објави дека верзијата 0,0 од денеска е во продажба во некои продавници во Велика Британија и Ирска, а напролет ќе може да се пие и во пабови.

Од компанијата кажаа дека и ова пиво поминува низ истиот процес на производство и ги користи истите состојки како стандардното темно пиво „гинис“, за потоа алкохолот да се отстрани со метод на ладна филтрација.

Сакаме луѓето кои ќе го изберат безалкохолното пиво да уживаат во истите вкус и квалитет“, изјави директорот на глобалниот бренд „Гинис“ Грејни Вофер.

Пивото ќе има две опции: со 70 и со традиционалните 154 калории по лименка.