ШВЕДСКАТА КОМЕДИЈА „БРИТ-МАРИ БЕШЕ ТУКА“ ИГРА ВО МИЛЕНИУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Шведската спортска комедија „Брит-Мари беше тука“ денеска и утре ќе се прикаже од 16 часот во киното Милениум. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Фредрик Бакман, што го има и во превод на македонски јазик.

Поентата на филмот е дека никогаш не е предоцна да се почне со живот. Брит-Мари има 63 години и штотуку ги остави зад себе 40-годишниот брак и нејзиниот долг живот како сопруга. Некои велат дека е здодевна пасивно-агресивна тетка, но новата работа во малиот град Борг ќе биде предизвикувачка за неа.

Дистрибутер на филмот е „КТ филм и медиа“ од Битола.