МАКЕДОНИЈА СО 870 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, УБЕДЛИВО НАЈМНОГУ ВО ЕДЕН ДЕН ДОСЕГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
An ambulance carrying patient infected with COVID-19, arrives to the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 19 October 2020. The number of newly infected COVID-19 patients in North Macedonia has been on the rise in the past two weeks.The Macedonian government has implemented stricter measures to slow down the spread of the Covid-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus in the West Balkan nation.

Македонија бележи драматичен пораст на бројот на заразени со коронавирус, додека и повеќето европски земји секој ден регистрираат нови рекорди и воведуваат сѐ построги мерки.

  • Во изминатите 24 часа во Македонија се потврдени 870 нови случаи на зараза, убедливо најмногу во еден ден досега, при што биле направени 2.647 тестирања.
  • Речиси половина од позитивните тестови се во Скопје, 422, па следуваат Струмица со 55, Велес со 38, Битола со 29 и Прилеп и Куманово со по 28.
  • Претходниот рекорд од 641 новозаразен датираше од 21 октомври.
  • Во Македонија досега има 28.647 случаи на коронавирус.
  • Ковид-19 однесе уште 14 животи, на возраст од 51 до 83 години, а вкупно 963 од почетокот на епидемијата.
  • Бројот на активни случаи порасна на 7.963, од кои 3.828 се во Скопје.