Додека пливал покрај брегот на австралискиот остров Леди Елиот, Марк Фицпатрик налетал на морска желка која се движела кон него. Токму во моментот кога ја фотографирал, таа му покажала нешто што личело на среден прст и во комбинација со нејзиниот намуртен израз, добил урнебесен кадар.
Оваа недела, „Желката Тери“ на Фицпатрик победи во конкуренција на 7.000 фотографии на Меѓународниот избор на најсмешна фотографија на животни, што веќе шест години го организираат Британците Том Сулам и Пол Џојнсон-Хикс. Тие велат дека фотографијата на Фицпатрик била јасен фаворит на судиите.
„Неверојатно е да се видат реакциите на луѓето на фотографијата. Тери насмеа многу луѓе во оваа тешка година и истовремено помага да се шири важна конзерваторска порака. Се надевам дека ќе го видам Тери во подобро расположение кога следниот пат ќе нуркам покрај Леди Елиот“, изјави Фицпатрик.
Во финалниот избор се најдоа 42 фотографии, а ова се некои од нив: