Во првиот дел од Градскиот парк во Скопје жените вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ и директорот Ардијан Муча направија цветна фигура во вид на панделка, симболот на борбата против ракот на дојка. Цветната фигура е изработена од 70 хризантеми.
„Цветната фигура во Градски парк е за да се сеќаваме на оние кои ги изгубивме, за оние кои се борат во оваа битка, но и за сите други жени за да ја подигнат свеста за своето здравје“, изјави директорот Муча.