„ШАРЛА“ ГО ИЗДАДЕ ДЕБИ АЛБУМОТ НА КОМПОЗИТОРКАТА ГАЛА НАСЕВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Композиторката Гала Насева го објави својот дебитантски албум под етикетата на независната издавачка куќа „Шарла“. Насловен „Опус 1-8“, албумот се состои од осум композиции, кои вкупно траат 28 минути. На две композиции Насева соработува со композиторот Глигор Кондовски.

Насева е композиторка на современа класична музика од Скопје, која студираше музикологија на универзитетот „Јустус Либиг“ во германскиот град Гизен, каде што и почнала да создава авторски дела.

На „Опус 1-8“ таа користи пијано, чело и електронски елементи.