Угина мачката Гли, која беше светски позната како единствен постојан жител на Аја Софија, објави градоначалникот на Истанбул, Али Јерликаја. Таа имаше 16 години (околу 80 човечки) и остана да живее во Аја Софија и откако таа во јули беше претворена во џамија.
„Гли се лекуваше во приватна ветеринарна клиника од 24 септември, но, за жал, умре од старост. Сите сме многу тажни, никогаш нема да те заборавиме“, напиша Јерликаја на Твитер.
Гли е родена во Аја Софија во 2004 и овој историски објект го имаше направено свој дом. Таа имаше и профил на Инстаграм, каде што ја следеа 20.000 луѓе. Гли е погребана во кругот на објектот.