ПРЕМИЕРАТА НА „ФАНТАСТИЧНИ ЅВЕРКИ 3“ ОДЛОЖЕНА ЗА 2022, МАДС МИКЕЛСЕН ГО МЕНУВА ЏОНИ ДЕП

Лондон, (Скај)

Премиерата на третиот дел на „Фантастични ѕверки“ е одложена за јули 2022 поради пандемијата на ковид-19, но и принудното повлекување на еден од главните актери Џони Деп.

Деп го глумеше Гелерт Гринделволд во спинофот на „Хари Потер“ и требаше да ја повтори  улогата во третиот дел, но од „Ворнер брос“ побарале да се повлече, откако го изгуби судскиот спор со весникот „Сан“, во врска со текстот во кој беше наречен тепач на жени. Според холивудските медиуми, Мадс Микелсен е во преговори да го замени Џони Деп, откако бил прв избор на режисерот Питер Јејтс.

„Фантастични ѕверки 3“ требаше да излезе во ноември 2021, но и снимањето беше поместено поради коронакризата. Снимањето е во тек во Велика Британија и извештаите велат дека Деп досега снимил само една сцена.