ТВИТЕР ЛАНСИРАШЕ ОПЦИЈА ЗА ТВИТОВИ КОИ САМИ ИСЧЕЗНУВААТ ПО 24 ЧАСА

Сан Франциско, (Ројтерс)

Твитер лансираше нова опција наречена „флитови“ (fleets): твитови кои сами исчезнуваат по 24 часа, налик на она што веќе постои на Снепчет и Инстаграм. Оваа опција претходно се тестираше во Бразил, Италија, Индија и Јужна Кореја, а сега е достапна низ цел свет.

Некои од вас ни кажаа дека твитањето ви е непријатно затоа што е толку јавно и постојано и ви прави притисок кога има многу споделувања и лајкови. Бидејќи исчезнуваат после еден ден, флитови им помагаат на луѓето да се чувствуваат попријатно да споделуваат лични и обични мисли, мислења и чувства“, изјави директорот на дизајн во Твитер, Џошуа Харис.

Флитови може да содржат текст, фотографија и видео.