Белгиски архитекти креираа кружна шумска патека како дел од велосипедската мрежа во провинцијата Лимбург.
Како што сугерира нејзиното име „Возење низ дрвја“, патеката е издигната десет метри над тлото, со што велосипедистите буквално возат меѓу крошните. Структурата се состои од две патеки и има дијаметар од 100 метри.
Три метри широката патека е долга речиси 700 метри и постепено се издигнува до височина од десет метри, пред да почне да се спушта кон шумското тло. Таа е поставена на челични столбови отпорни на атмосферски влијанија.
„Најважната работа за нас беше да ја изградиме патеката со најмало можно влијание врз околината. Тоа не беше лесно да се постигне, имајќи предвид дека патеката има дијаметар од 100 метри и височина од десет метри“, изјави Питер Даенен од архитектонското студио „БуроЛандсхап“.