„ИЛИ-ИЛИ“ ГО ОБЈАВИ НОВИОТ РОМАН НА КИЦА КОЛБЕ, „ВИТЕЗОТ И ВИЗАНТИЈКАТА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Романот „Витезот и Византијката“ од Кица Колбе излезе во издание на „Или-или“, во едицијата „ПРОаЗА“.

Издавачот вели дека иако насловот сугерира историски роман, „Витезот и Византијката“ раскажува модерна приказна за млади филозофи на Универзитетот во Бон, збрани околу својот харизматичен ментор Симон фон Блументал, филозоф, благородник и еден од последните претставници на образованото германско граѓанство.

Колбе (1951) студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград, а докторирала на тема германска естетика од 18. век. Од 1990-ите се посветува целосно на прозата, особено романот.