ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЦЕЛОСНО СЕ СОБЛЕЧЕ ЗА ПРОМОЦИЈАТА НА НОВАТА ПЕСНА

Њујорк, (Дејли мејл)

Џенифер Лопез го покажа своето совршено тело на 51 година откако целосно се соблече за промоцијата на новиот сингл.

(Фото: Инстаграм)

Нејзината нова песна „In the Morning“ излезе денеска, што Лопез го проследи со серија разголени фотографии на Инстаграм, на кои го истакнува и големиот дијамантски прстен, што го добила од својот свршеник Алекс Родригес пред две години.

Засега нема најави дали синглот ќе биде следен од нов албум, што би бил нејзин прв по шест години пауза.