БАНКСИ ГО ПОТВРДИ НОВИОТ ГРАФИТ „АПЧИХА!“ ВО БРИСТОЛ

Лондон, (Скај)

Банкси потврди дека новиот графит на ѕид од куќа во Бристол е негово дело. Тоа прикажува повозрасна жена како кива силно, а капките се распрснуваат низ водухот. Додека кива, ѝ одлетуваат чантата и бастунот.

Откако се појави графитот, имаше шпекулации дали е негов или не и мистериозниот британски уметник ја потврди автентичноста преку неговиот сајт и Инстаграм со постот „Апчиха!“.

(Фото: Скај њуз)

Банкси е познат по тоа што преку своите дела искажува сатира кон политиката, бизнисмените и општеството.