Виенската филхармонија за првпат ќе го одржи својот традиционален концерт на 1 јануари без публика во сала поради пандемијата на ковид-19. Со еден од најомилените настани за светската публика ќе раководи славниот италијански диригент Рикардо Мути.
Мути 50 години соработува со Виенската филхармонија, а на Новогодишниот концерт диригираше и во 1993, 1997, 2000, 2004 и 2018.
Концертот од салата „Музикферајн“ ќе се пренесува телевизиски во 90 земји, а секоја година има милионска публика.