„НАЈГРДАТА ОРХИДЕЈА НА СВЕТОТ“ МЕЃУ НОВИТЕ ВИДОВИ ИМЕНУВАНИ ВО 2020

Лондон, (Ројтерс)

Орхидеите обично не се сметаат за грди, но Кралските ботанички градини во Кју (Лондон) токму така го опишаа новиот вид на живописен и нежен цвет откриен во шумите на Мадагаскар. Gastrodia agnicellus, едно од 156-те растенија и габични видови именувани оваа година од научниците на Кралските ботанички градини, е крунисана за „најгрдата орхидеја на светот“.

„11-милиметарските цветови на оваа орхидеја се многу мали, кафеави и прилично грди“, кажаа од Кју во својата листа на топ 10 откритија на годината.

Орхидејата се храни преку габите и нема листови, ниту пак фотосинтетско ткиво. Иако се оценуваат како загрозен вид, растенијата имаат делумна заштита затоа што се наоѓаат во рамките на национален парк.

Грмушка со необични лушпести лисја е откриена во екстремно топли природни солници во Намибија (Фото: Ројтерс)

Меѓу новоименуваните растенија е и чудна грмушка, која била откриена во јужна Намибија уште во 2010 година. Ботаничарот Весел Свејнпул и неговите колеги не можеле да ја сместат во кој било познат род, па затоа се консултирале со Кју. Заедно заклучиле дека оваа чудна грмушка не претставува само нов вид, туку и сосема нов род и ново семејство на растенија, наречено Tiganophyton karasense.

Во науката на годишно ниво се именуваат 2.000 нови растенија, додека нови семејства се именуваат само еднаш во годината.