МУЗИЧКИ СПОТ ШТО ТРАЕШЕ 178 ДЕНА ВЛЕЗЕ ВО ГИНИС КАКО НАЈДОЛГ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Њујорк, (НМЕ)

Американската рок група „Твенти уан пајлотс“ влезе во Гинисова книга на рекорди за најдолг спот на сите времиња.

Во јуни, групата ги повика фановите да испраќаат видеоснимки што ќе бидат вклучени во спотот за песната „Level of Concern“, за да се создаде постојан стриминг на автоматски генерирани снимки, што се менуваат секој пат кога песната ќе почне одново. Фановите придонесле со повеќе од 162.000 снимки.

Стримингот беше прекинат минатата недела, по што спотот официјално ја доби титулата на светски рекордер. Проектот одеше во живо речиси 178 дена.

„Откако тапанарот Џош случајно го прекина непрекинатиот спот, од Гинисова книга на рекорди ги проверија статистиките и официјално го прогласија за најдолг на сите времиња“, објави бендот на Твитер.

Досегашниот рекордер беше 24-часовниот спот за песната „Среќен“ на Фарел Вилијамс.