СО МУЗЕЈ, СТАДИОН И СТАТУИ, НЕАПОЛ СТАНУВА „МАРАДОНАЛЕНД“

Неапол, (Гардијан)

Помина еден месец од смртта на Диего Армандо Марадона, а јужниот италијански град Неапол секој ден сѐ повеќе заличува на „Марадоналенд“. Во негова чест беа преименувани стадионот на фудбалскиот клуб Наполи, „Сан Паоло“ и железничката станица во Наполи. Локалните власти најавуваат и изградба на голем музеј во чест на Аргентинецот кој му донесе огромна слава на градскиот фудбалски тим. Освен тоа ќе бидат поставени и негови статуи и ќе биде изграден цел плоштад за големиот Марадона.

Неколку минути откако на 25 ноември беше објавена веста за смртта на поранешниот фудбалер , двата големи мурала во градот кои го прикажуваат Марадона станаа вистински свети места, привлекувајќи стотици туристи, посетители и навивачи секој ден. Под сликите на аргентинскиот херој, луѓето поставуваат цвеќиња, топки, дресови на Наполи, фотографии, ѓердани и други спомени што еден ден ќе бидат изложени во музејот на стадионот, изјавија локалните власти за „Гардијан“.

„Веќе работиме на проект за украсување на просторот пред муралот во шпанскиот кварт“, рече Луиџи Фелако, шеф на Оддделот за урбан декор во Неапол.

Ел Диего, кој го предводеше Наполи до две титули во Серија А и победа во Купот на УЕФА  беше почитуван како полубог во градот. (Фото: Шатерсток )

„Муралот беше насликан од уметникот Мауро Филарди во 1990 година за да го прослави вториот триумф на Наполи во Серија А. Сега имаме намера овој плоштад даго именуваме во чест на Марадона, со оглед на тоа што стотици луѓе доаѓаат овде само поради него и да му оддадат чест на великанот“, додава Фелако. Вториот мурал е исцртан во 2017  и е дело на уличниот уметник Јорит. На зградата на улицата Таверна дел Феро е претставен ликот на Марадона. Двата мурала ќе бидат осветлени и во центарот на вниманието за време на празничната сезона.

Ел Диего, кој го предводеше Наполи до две титули во Серија А и победа во Купот на УЕФА  беше почитуван како полубог во градот. И како и секој светец, Марадона ќе има свои статуи. Луиџи Фелако вели дека повеќе од 14 уметници засега поднеле предлози за статуата на Марадона.

„Во момenтов ги разгледуваме сите. Целосно сме посветени на оддавање на чест и поставување на статуите на Диего, но размислуваме и каде да ги поставиме“, рече Фелако.